ПАРТИСКИ ДОНАЦИИ: Која партија добила најмногу, а која најмалку донации?
Податоците на Државниот завод за ревизија покажува дека партијата на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ лани добила најмногу донации, за разлика од останатите партии.
Сумата од 1,48 милиони евра од донатори актуелни пратеници, бизнисмени и општински службеници легнувала директно на сметка на оваа партија.
Вкупно 3.675 правни и физички лица се јавуваат како донатори чии донации се движат од 2.000 денари па се до 100 илјади денари.
Највисока сума, 100 илјади денари, на ВМРО ДПМНЕ минатата година им донирала фирмата КБ- Лида ДООЕЛ.
Опозициската партија на Зоран Заев, според ревизорскиот извештај пријавила приходи од нешто малку повеќе од 10 илјади евра.
Најголема сума на најголемиот опонент на владечката партија донирало лицето Илија Патриков, 87 илјади денари.
Коалициониот партнер на власта, партијата на Али Ахмети, ДУИ лани добила 525 илјади евра приходи, од кои нешто помалку од пола, односно 202 илјади се водат како донации, а освен донациите ДУИ собрала речиси 35 илјади евра од членарина, 255 евра приходи од камати и 288 илјади евра приходи од Министерството.
Како најголем донатор на ДУИ се појавува фирмата од Тетово, Арбериа Десижн Хасим.
ДПА пак не пријавила донации во Заводот за ревизија со образложение дека истата не добила лани ниту една донација.
Целиот извештај на ревизија може да го видите овде!
