Партијата на Цановски не прифаќа избори без прочистен Избирачки список
Партијата за Европска Иднина и Фијат Цановски денеска и дадоа поддршка на Платформата за Демократска Македонија која беше потпишана од опозициската СДСМ и коалиционите партнери.
По потпишувањето на истата, Цановски истакна дека тој и неговата партија не прифаќаат да се оди на избори со непрочистен избирачки список, без независни медиуми и се што е потребно за едни фер и демократски избори.
„Ние како партија и претходно дававме деманти и не прифаќавме да се оди на избори со непрочистен избирачки список, без независни медиуми и се што е потребно за едни фер и демократски избори.
Ние и претходно како партија сме биле во коалиција со СДСМ, во 2011 година. Природно беше да дојде поканата и природно е ние да коалицираме на наредните избори, било кога и да се случат, со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, рече Цановски .
Тој рече дека е задоволство, да бидат заедно сите партии со една цел, а тоа е земјава да добие фер и демократски избори.
