Партијата на Трајанов против предлогот на ВМРО и ДУИ за измени во ЗКП
„Промените на Законот за кривична постапка на 9 дена пред распуштање на Парламентот се во интерес на политичкиот естаблишмент“ реагираат од партијата на Павле Трајанов.
Од партијата на Демократскиот сојуз велат дека тоа во пракса би значело дека поднесување на обвиненија се пролонгира за три месеци.
„Демократскиот сојуз смета дека без претходна анализа, јавна и експертска расправа, да се менува закон од казнено процесно право, во скратена постапка само за два дена, е целосно разорување на правниот поредок и своевиден институционален криминал во кој е вовлечен Парламентот“, се вели во соопштението на оваа партија.
Имено, тие предлагаат измените на ЗКП да се повлечат и за потребата од промени во ЗКП да се подготви целосна анализа и за истите да се отвори поширока расправа во јавноста по парламентарните избори.
