Партијата на Меркел поразена на покраинските избори
Партијата на германската канцеларка, Ангела Меркел денеска доживеа пораз на изборите во три покраини, токму поради односот кон мигрантската криза.
Гласовите отидоа на сметка на десно-популистичката АФД, која ја собра поддршката на гласачите кои се противат на политиката на Меркел кон бегалците и мигрантите. Партијата на Меркел загуби во две од трите покраини, со историски низок резултат.
Популистичката Алтернатива за Германија, која предизвика бура од реакции со барањето полицијата да пука врз бегалците, за да не влезат во Германија, имаше добар резултат и поддршка од гласачите, на првите избори на кои воопшто учествувала.
АФД најверојатно ќе добие околу 21,8% од гласовите во источната покраина Саксонија Анхалт и со тоа станува сериозен политички субјект во земјата.
Ова избори во Германија се сметаа за еден вид референдум за политиката на отворени врати на канцеларката Меркел. Приемот на околу 1,1 милиони мигранти и бегалци лани, поттикна длабоки поделби во Германија.
Слично
