Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партијата на Груевски нема да поддржи импичмент за претседателот Иванов

Партијата на Груевски нема да поддржи импичмент за претседателот Иванов

Парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе гласаат против импичмент на претседателот Ѓорге Иванов, бидејќи тој не извршил прекршување на уставот на земјата, изјави координаторот на групата на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој исто така ги повика иницијаторите од СДСМ да го повлечат барањето, бидејќи нема уставна основа за такво гласање.

Според Димовски актуелната влада ќе има широка и реформска агенда поврзана со исполнувањето на приоритетите во државата и тоа се работите за кои треба да се дискутира - оние кои се во интерес на граѓаните, а не на политичките партии.

„Без разлика дали на нас ни се допаѓа или не неговата одлука (амнестијата), како Собрание на Република Македонија имаме одговорност да правиме заклучоци врз основа на уставот на земјата, којаму  дава право на претседателот да донесува такви одлуки“, изјави уште Димовски.

Тој посочи дека и покрај несогласувањето на ВМРО-ДПМНЕ со амнестијата,шефот на државата најверојатно имал свои причини за донесување на оваа мерка.

Димовски исто така потсети дека на последните избори зад Иванов стојат 550 000 граѓани на Македонија, што е најголемата поддршка за македонски претседател во последните 25 години.

Слично

Поврзани вести