Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРТИЈАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ: Се случува историски крах на цената на нафтата, a ние немаме никаква акција

ПАРТИЈАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ: Се случува историски крах на цената на нафтата, a ние немаме никаква акција

Oд партијата на Љубчо Георгиевски велат дека Владата треба да купи нафта и да ги пополни стоковите резерви.

Од ВМРО Народна велат дека жалат што не гледаат никаква активност од Владата на Македонија за купување на нафта во големи количини со која би ги пополнила стоковите резерви на држвата.

„Пред нашите очи се случува историски крах на цената на нафтата и додека сите држави ги пополнуваат и последните цистерни од страна на нашата држава немаме никаква акција. Сметаме дека владата има повеќе опции со кои освен како нем набљудувач на овој економски процес може да се вклучи со класичен бизнис модел кој несомнено ќе донесе заштеда па дури и екстра профит во оваа тешка економска ситуација“, информираат од ВМРО Народна партија.

Цената на нафтата за прв пат во историјата отиде во минус. 

Слично

Поврзани вести