Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партија за Економски Промени 21- нов субјект во македонската политика

Партија за Економски Промени 21- нов субјект во македонската политика
Денеска се одржа основачкото собрание на новата политичка партија, Партија за Економски Промени 21. За  претседател е избрана Билјана Јовановска. Според програмата оваа партија (ПЕП 21) ќе делува конструктивно и одговорно, а ќе дава свое мислење за сите значајни прашања од политичкиот и јавниот живот во интерес на земјава. „Таа е самостојна, доброволна, демократска, граѓанска партија, отворена за сите оние кои сакаат да пристапат во неа и сакаат да дадат свој придонес преку свои проекти, програми, идеи, ставови и мислења. Економските прашања, односно заложбите и преземањето на активности за позитивни промени во економијата е приоритет во програмската платформа и политика на  ,,Партија за Економски Промени 21“,  стои во соопштението од ПЕП 21. Оттаму велат дека ќе се залагаат за фер и пазарно модерна економија, која ќе тежнее кон што поголема вработеност и повисоки плати, а нивните делувања ќе бидат насочени проекти и мерки со кои државата ќе овозможи целосна поддршка на реалниот сектор кој би создал услови привлечни и прифатливи за вработување. Нејзиниот претседател,  Билјана Јовановска беше поранешна директорка на Агенцијата за вработување од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа премина во Обединети за Македонија, па во ВМРО-Народна Партија.
Слично

Поврзани вести