Партија која ги застапува пензионерите загрижена дека ќе им се намалат приходите
Голем број на пензионери кои продаваат на тезгите на зелените пазарчиња низ Македонија тоа нема да можат повеќе да го прават следната година, а тоа ќе значи губење на значаен приход на нивните и така мали пензии. Ова го тврди Партијата на пензионерите, кои бараат стапувањето на сила на измените на Законот на трговија да се одложат за три месеци.
ПП ја подржува основната цел во законска рамка но искажува загриженост и резерви за субјектите кои не може да вршат трговија, односно да обезбедат лиценца за тезга на зелен пазар, меѓу кои се опфатени и физички лица кои остваруваат приходи по основ на пензија, па дури ниту оние кои имаат сопствено земјоделско или друго производство
Од ПП велат дека тие ќе бидат оневозможени и со плаќање на другите давачки и даноци, да го подобрат својот и семејниот стандард и тоа би предизвикало загрозување на нивниот материјален и социјален статус,
Партијата се повикува и на Уставот на Република Македонија, кој како што велат од таму, дозволува ваква дејност.
