Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите за избори ги испружија нозете подолго од чергата

Партиите за избори ги испружија нозете подолго од чергата
Трошоците на речиси сите политички партии во изборната кампања за предвремените парламентарни избори ги надминаа приходите на нивните изборни сметки, со што тие кампањата ја завршија со минус на сметката, покажаа извештаите доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за периодот од 17 до 25 април. Најмногу пари за кампања за предвремените парламентрани избори, потрошила коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тоа над 727 илјади евра, или за 592 илјади евра повеќе пари од оние со кои располагала во касата. И партиите во албанскиот блок се со минусни салда за вторите десет дена од кампањата - ДУИ потрошила 132 илјади евра повеќе од парите кои ги имала на сметка, а ДПА на Мендух Тачи е со минус од 3.600 евра. Помалите политички партии располагале, но и потрошиле помалку пари во последните денови од изборната кампања - ГРОМ потрошила 840 евра, а Коалицијата за позитивна Македонија околу 67 илјади евра. ВМРО Народна партија ги завршила изборите во плус од 2 800 евра. На вебстраницата на Државната комисија за спречување на корупцијата не е објавен финансиски извештај за приходите и расходите од изборната сметка на СДСМ ниту за кампањата за предвремените парламентарни избори, ниту пак за претседателските. Од Комисијата тврдат дека такви извештаи воопшто не добиле, иако од СДСМ пак потенцираат дека извештаите ги доставиле во законскиот рок - до 25 април.    
Слично

Поврзани вести