Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите за денешните избори…

Партиите за денешните избори…

Ос СДСМ обвинија за бројни нерегуларности, од ВМРО-ДПМНЕ пак изборите ги оценија како фер и демократски со помали инциденти од оние што ги имаше на претходните избори. ДУИ побара ДИК да провери зошто дел од нивните гласачи не биле впишани во изборниот список, а на Мехдух Тачи,лидерот на ДПА му беше забрането да гласа бидејќи немал валидни документи. Во очекување на првите резултати, еве ги партиските реакции за петтите локални избори во независна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Фер и демократски избори

Петтите локални изботи минаа во фер и демократска атмосфера, а забележани се значително помал број нерегуларности во однос на последните парламентарни избори во 2011 година, оценија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, очекуваат победа на овие избори.

„Граѓаните имаа можност да избираат помеѓу два концепта. Помеѓу оној на ВМРО-ДПМНЕ, кој е концепт на  дела и труд оставен зад себе и концептот на СДСМ кој е концепт на празни зборови и лажни ветувања“, рече Димовски.

Домовски посочи дека нема забележано поголеми нерегуларности за време на гласањето, а и таму каде што биле забележни, сепак по број се помалку од оние на последните парламентарни избори.

Тој ги повика надлежните органи сите пријавени нерегуларности да ги проверат и да донесат заклучок.

СДСМ: Бројни нерегуларности

СДСМ обвинија за голем број изборни нерегуларности, констатирани се прекршување на изборниот молк во сабота навечер и недела наутро, агитирање за време на молк и пред гласачките места, голем број граѓани не можеле да гласаат затоа што некој претходно гласал во нивно име, семејно гласање.

„Сите вакви случаи се евидентирани од страна на нашиот правен тим кој ја собира целокупната документација од теренот пред да ги процесуира до надлежните државни институции“, рече потпретседателот на партијата Гордан Георгиев.

Тој посочи дека позитивно е тоа што немало поголеми физички инциденти и насилства на избирачките места.

„Ги охрабруваме изборните органи да постапуваат исклучиво согласно Уставот и законите до целосно окончување на процесот - броењето на гласовите и прогласувањето на изборните резултати“, порача Георгиев.

Според потпретседателот, масовниот одѕив што е забележан на денешните избори во споредба со оние во 2009 година очекуваат позитивно да се одрази на изборниот резултат.

ДУИ: Дел од гласачите не биле внесени во списоците

Демократската унија за интеграција денешните локални избори ги оцени како фер и демократски, изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ, Абдилаќим Адеми. „Гласовите, односно волјата на граѓаните, треба да се почитува и победниците на овие гласови треба и понатаму да работат за сите граѓани на Република Македонија, без разлика кој гласал или не гласал. Очекуваме како и претходните, така и овие избори, да бидат прифатени од сите политички партии“, рече Адеми. Тој рече дека имало неколку забелешки за тоа дека нивни гласачи не биле внесени во списоците. ДПА: На лидерот Мендух Тачи не му беше дозволено да гласа Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска не го оствари своето право на глас. Откако се обидел да гласа приложувајќи го дипломатскиот пасош, комисијата не му дозволила да го оствари своето право  бидејќи не поседувал биометриски пасош или лична карта. Од МВР и од ДИК потврдија дека Тачи немал биометриски лични документи, кои се задолжителни за да се оствари правото на глас. Инаку пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПА, Беким Фазлиу оцени дека актуелната власт уште еднаш потфрлила во организирањето слободни, фер и демократски избори. Тој обвини дека ДУИ со закани и уцени и со прекумерното присуство на полицијата на гласачките места не дозволила дел од граѓаните слободно да ја изразат својата волја. „Нашата проценка врз основа на информациите што ги добиваме од теренот е дека голем број Албанци беа спречени во остварувањето на гласачкото право“,  рече Фазлиу. Ј.Ј.
Слично

Поврзани вести