Партиите се скараа – каде завршуваат парите за изборни кампањи?
Вкупно 360 илјади евра на четири уплатници од Владата завршиле во телевизија Сител, обвини денеска опозициската СДСМ. Портпаролот на партијата Петре Шилегов обвини дека на овој начин Владата на ТВ Сител и ја платила кампањата за локалните избори. Во платните налози објавени од СДСМ се вели дека 22 милиони денари се исплатени за реализирање на кампања.
„Дали Владата плаќа за ВМРО-ДПМНЕ со пари од граѓаните? Ако само за еден ден Сител добива 360 илјади евра, колку пари месечно Владата и дава на Телевизија Сител за реклами против опозицијата премиере Никола Груевски? Вака ли ги плаќате негативните кампањи против раководствата на СДСМ? Колку исплативте или ќе платите на вашите одработувачи за засилената валкана кампања деновиве против раководството на СДСМ, откако СДСМ ги отвори вашите заеднички милионски тендерски зделки?“, изјави Шилегов.
Веднаш возвратија од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Според нив, социјалдемократите нетранспарентно ја финансираат секоја нивна кампања.
„СДСМ исплати долг на А1 телевизија во висина од 2,4 милиони денари кон СРД, а тие пари беа само дел од долгот кој што партијата го имаше кон телевизијата за реклами и медиумско промовирање. За целокупната кампања СДСМ тогаш заедно со своите бизнис партнери А1 и Плус продукција даваа двојни извештаи со огромни разлики во износите без да биде испочитувана законската регулатива. Впрочем Андреј Петров, поранешниот генерален секретар на СДСМ како организатор на кампањата на СДСМ во 2011, злоупотребувал средства за изборната кампања, не го пријавил изворот на финасирање, спречил надзор, користел недозовлени средства за финансирање на кампањата и не поднел финансиски извештај до институциите“, се наведува во реакцијата.
Слично
