Партиите продолжуваат со преговори во резиденцијата на САД
Работните групи на партиите денеска ги продолжуваат преговорите за излез од политичката криза во 14 часот во резиденцијата на САД во Скопје.
Иако евроамбасадорот Аиво Орав е на консултации во Брисел, на преговорите ќе присуствува еден од неговите заменици.
Надлежностите на министерот за внатрешни работи во преодната влада, но и датумот на негово повлекување, се спорните прашања за кои партиите не се договорија. Партиите тврдеа дека не отстапуваат од своите црвени линии, при што СДСМ инсистира министерот за внатрешни работи да има целосни ингеренции во кадровската политика и да се вратат старите решенија, а ВМРО- ДПМНЕ тврди дека токму овие измени ќе ја спречат партизацијата на министерството. СДСМ дури најави дека поо никоја цена нема да отстапи од своето барање.
Ако партиите постигнат договор до крајот на неделава можно е да има избори најдоцна до почетокот на декември. Доколку тоа не се случи, тогаш најверојатно изборите ќе се одложат за напролет.
