Партиите преку Меморандум се заложија за членство во Европската унија
Со потпишување на Мморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во Европската унија денеска во Собранието, парламентарните политички партии се обврзуваат дека континуирано и без одлагање ќе ги спроведуваат во рамки на институциите, сите активности и одлуки за реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Во прв ред, со Меморандумот се споменуваат активностите и одлуките за обезбедување слободата на медиумите, за слободни и фер избори, за владеењето на правото и независноста на судството, како и за борба против корупцијата.
Потписот на овој документ не го ставија Либералната партија и ДПА која не даде образложение за ваквата постапка. Од ЛП пак посочија дека се потребни конкретни чекори, а не само манифестирање добра воња и побараа Платформата за интеграциите и решавање на спорот за името, предложена од оваа партија до Собранието да се најде на дневен ред на седница.
Потписниците се согласија дека ќе се воздржат од дејствија и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, несогласувањата иќе се надминуваат со меѓусебен дијалог во рамки на институциите, ќе се води сметка за интересот на државата и нејзините граѓани
Меморандум останува отворен за потпишување за сите политички партии регистрирани во земјава.
Слично
