Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРТИИТЕ НА ПОТЕГ: Ќе најдат консензус, или Пржино ќе пропадне?

ПАРТИИТЕ НА ПОТЕГ: Ќе најдат консензус, или Пржино ќе пропадне?

И покрај повиците на ЕУ и меѓународните олеснувачи да се најде решение и да се имплементира договорот од Пржино согласно роковите засега работите не одат така.

Нова средба е неизвесна, а и покрај оптимизмот кај лидерите засега ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеаја да ги приближат ставовите по неколку прашања.

Партиите и работните групи не успеаја да ги изберат новите министри за внатрешни работи и за труд и социјала предложени од СДСМ, нивни заменици од ВМРО ДПМНЕ и заменици од СДСМ во министерствата за финансии, земјоделство и информатичко општество ниту пак ингеренциите кои треба да ги имаат тие.

И власат и опозицијата не се согласуваат за ова прашање. Од владеачката партија велат дека  новите министри треба да имаат ограничени овластувања, додека пак СДСМ е за целосни министерски ингеренции.

Ни притисокот на меѓународните олеснувачи не ги смени позициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролката на Унијата, Маја Коцијанчиќ не одговори со детали дали Брисел е задоволен од работата на белгискиот посредник во разговорите помеѓу партиите Петер ван Хојт, како и кои се неговите главни задачи.

Таа ги повика сите „да не се одвлекува вниманието од суштинските прашања со напади на оние кои се обидуваат да им помогнат“.

„Комесарот Хан веќе јасно го изрази своето разочарување од исполнувањето на обврските од јуни/јули и ги повика сите оние кои го потпишаа политичкиот договор, да покажат лидерство и одговорност. Важно е сите земји итно да продолжат со работа за поддршка на европската работна група, со цел да се израмни загубеното време“, посочила Коцијанчиќ.

Што понатаму?

Од опозицијата истакнаа дека доколу не се постигне договор и се пробие пржинскиот договор, сите опции од денес се отворени а Договорот од Пржино ќе го сметаат за пропаднат.

Преговорите  на партиската четворка  тешко одеа со еврокомесарот Јоханес  Хан, а најверојатно уште потешко ќе продолжат без него особено  што  и Вашингтон  го губи трепението  поради  неодговорност на  лидерите .

Политикологот Башким Бакиу,  за Фактор вели дека македонските партии се однесуваат крајно неодговорно,  ставајќи ги  во преден план партиските интереси за сметка на државните. Според него, уште полошо е што целата моќ е вонинституционална , односно кај политичките партии и затоа постои опасност  Македонија да биде во перманентна криза .

 „Меѓународната заедница  ќе ги користи сите инструменти што и се на располагање, вклучувајки ја и опцијата да и го одземе кандидатскиот статус на Македонија. Во моментов државата нема стабилни институции.  Со ваков систем и  со ваква поделена  моќ само кон одредени политички партии ќе имаме постојана криза. Ова може да се реши само под притисок на граѓаните, а не на странците“ , проценува Башким Бакиу од  Институтот за креирање на политики и добро владеење .

Меѓународните партнери и спонзори на дијалогот за надминување на политичката криза во земјавата ќе комбинираат  сет од нов диплoматски притисок, пред се кон владината коалиција. Изјавата на Ахмети дадена во Тирана дека ДУИ и самиот лидер на интегративиците испратил во политичка пензија тројца ,  сдсмовските премиери, по што на ред е Груевски, е директна порака за конечно дистанцирање од ВМРО-ДПМНЕ. Не се исклучени и ефикaсни финансиски притисоци  во два правци – затворање на странските финансиски пазари и замрзнување на кредитните линии од комерцијалните банки, што Владата главно ги користеше за пополнување на буџетскиот дефицит.

„Како што можеше да се очекува, спроведувањето на договорот од Пржино „запна“ кога се дојде до деталите. Имено, самиот договор е премногу општ и она што е објавено дава широки можности за различни интерпреации, а тоа пак на партиите им дава маневарски простор за форсирање на своите интереси и/или блокирање на одредени решенија кои бројот на обвинители во тимот на Јанева) Сепак, мислам дека наскоро ќе се постигне согласност за поединечните спорни прашања и ќе се „откочи“ процесот, односно со мали или нешто поголеми доцнења сите предвидени работи со договорот ќе се спроведат, а не очекувам ни поместување на терминот за избори“ , оценува  Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Едно од клучните прашања сега е : дали премиерот и лидер на владејачката партија  Никола Груевски ќе издржи на кооперативноста во односот со меѓународниот  фактор, манифестиран во  последно време ?

Слично

Поврзани вести