Партиите на координација за измените на Изборниот законик
Партиите денеска на координација кај претседателот на Собранието, Трајко Вељановски ќе се обидат да го усогласат текстот на измените на Изборниот законик што беше договорен завчера.
ВМРО-ДПМНЕ ноќеска испратила драфт верзија до СДСМ, но опозицијата имала забелешки затоа што одредбите не биле доволно јасни.
По завршувањето на координацијата, ќе се знае кога ќе почне собраниската седница на која треба да бидат донесени законските измени.
Денеска истекува рокот во кој треба да се донесат овие измени.
Измените на Законот за влада и на Законот за МВР кои се дел од постигнатиот договор ќе се разгледуваат следната недела.
СДСМ денеска продолжува со работа во Собранието, откако беше постигнат договор.
Слично
