Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите на договарачка маса, ДИК ќе брои спорни гласачи!

Партиите на договарачка маса, ДИК ќе брои спорни гласачи!

Претставници од четирите најголеми партии кои воедно се и потписнички на Договорот од Пржино денеска ќе седнат на преговарачка маса.

Тие ќе ги усогласуваат измените во законите за медиуми, МВР и Влада.

Тодоров, Шеќеринска, Груби и Алиу ќе се договорат за измените пред тие да влезат во собраниска процедура.

Државната изборна комисија пак од утре почнува да ги пребројува спорните гласачи.

Над 39 илјади спорни гласачи од Избирачкиот список и нивните имиња ќе бидат познати од утре а ДИК ќе ги објави на веб страната.

Според информациите кои ги пренесоа дел од медиумите до 20 август треба да заврши и теренската проверка.

Тоа се гласачи кај кои не е дојдено до различни или невозможни податоци при административната проверкаа при теренската проверка, луѓето не се пронајдени. Тоа значи дека доколку спорните гласачи  не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.  Станува збор за околу 39.502 гласачи. Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство. Да потсетиме дека пратениците пред неколку дена со 92 гласа „за“,  три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик.
Слично

Поврзани вести