Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите ќе постигнат договор за избирачкиот список

Партиите ќе постигнат договор за избирачкиот список

Претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино имаат напредок во преговорите за избирачкиот список.

Спорните 176.000 гласачи кои се најчесто иселеници, ќе бидат преместени на посебен список со ѕвездичка, а 42.000 гласачи кои не беа најдени во ниту една база дополнително ќе се проверуваат.

Преговарачите Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА не коментираа за преговорите, а Радмила Шекеринска рече дека СДСМ останува на ставовите изразени и претходно.
На средбата присуствуваа и евроамбасадорот, Аиво Орав и американскиот амбасадор, Џес Бејли, кои истакнаа дека главниот збор во доближувањето на ставовите и излегувањето од кризата, ќе го имаат партиите постписнички. Средбите ќе продолжат и утре. Преговорите продолжуваат и за медиумските реформи, со акцент за статусот на македонската телевизија и изборот на членови на Агенцијата за медиуми.
Слично

Поврзани вести