Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите го чекаат Хан-а нив ги чека силен притисок!

Партиите го чекаат Хан-а нив ги чека силен притисок!

Засилен притисок од меѓународната заедница ги очекува денеска политичките лидери и нивите тимови на средбата со евромесарот Јоханес Хан.

Последниот ден за активирање на оставката - 15 јануари, еврокомесарот за проширување Хан, ќе го продолжи преговарачкиот процес со претставниите на четирите најрелевантни партии од македонскиот и албански блок-Груевски ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети-ДУИ, од владеачката коалиција од една и Зоран Заев+СДСМ и Мехмет Тачи-ДПА од опозицијата од друга страна за доследна примена на утврдените обврски за одржување на демократски избори во април.

Ќе се одржуваат билатерални средби со старт од 10.30 часот .

Се очекува на средбата со претставницте на политичките партии, потписнички на договорот од Пржино за крај на политичката криза, Хан да  ги притисне двете страни да се држат до она што го договориле.

Пос силен притисок на Западот, политичкиот маратон започна минатото лето со изнуден договор на споменатата четворка на 2 јуни за излез од кризата. Со тој наметнат договор е предвидено законско и институционално иновирање на основата за одржување на вонредни , фер и демократски избори без измами. Во рамки на тие пакети после многу тешки усогласувања на ставовите во маратонскиот преговарачки процес е предвидена и оставката на премиерот Никола Груевски 100 дена пред избори.

Се очекува дека преодната влада ќе биде формирана денеска како би се испочитувале и предвдените рокови за одржување на вонредни изботи во април.

Хан вчера вечерта во Скопје повтори дека се создадени услови да се спроведат „веродостојни избори на 24 април“. Но, истовремено наведува дела лидерите на партиите ќе ги потсети на преземаните обврски во областа на неспроведените реформиски приоритети.

Кандидатот, кој веќе е познат во јавноста, за наследник на Груевски на премирската финкција во преодната влада треба да го соопштат од Извршниот и Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата Заев укажа дека услови за фер избори не се до крај исполнети и без тоа нема прифаќање на „уште една изборна измама“. Клучен услов е прочистување на избирачкиот список. Но според, методологијата на ДИК извесно е дека тој услов нема да биде исполнет до предвидениот рок..

Слично

Поврзани вести