Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите да достават предлози за членови на избирачки одбори

Партиите да достават предлози за членови на избирачки одбори

До полноќ политичките партии до oпштинските изборни комисии  треба да достават предлози за членови на избирачките одбори  и нивни заменици.

Ова е заради формирање или  дополнување на избирачките одбори со нови членови и заменици.  Обврската е во согласност со Роковникот на Државната изборна комисија  за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Потоа, општинската изборна комисија треба да провери дали предложениот кандидат ги исполнува условите предвидени во Изборниот законик и да ја достави листата на предлози до Државната изборна комисија.

Од ДИК објаснуваат дека испратиле соопштение и дека се јавуваат во општинските изборни комисии за да им укажат дека денеска ќе треба да ги чекаат предлозите на политичките партии, а рокот истекува на полноќ.

Слично

Поврзани вести