Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРТИИТЕ БЕГААТ ОД ДОГОВОР: Дали ќе биде донесен нов изборен модел?

ПАРТИИТЕ БЕГААТ ОД ДОГОВОР: Дали ќе биде донесен нов изборен модел?
Eден од начините за да се дојде до подобар Избирачки список во кој и јавноста ќе има поголема доверба е активна регистрација на гласачите што подразбира дека секој оној кој сака да гласа ќе треба претходно да се пријави за гласање со што би се направил нов Избирачки список само од оние граѓани кои ќе се пријават за гласање. „Прво што треба да се направи е да се спроведен  административна проверка на целиот список, вклучувајќи ги и адресите на кои има запишано поголем број на избирачи. Потоа, да се направи теренска проверка на територијата на целата држава, а не само во неколку општини како и да  и се  дадат поголеми овластувања на  ДИК“ ,  посочи неодамна во интервју за Фактор Дарко Алексов од МОСТ. Во однос на изборниот модел, ставот на МОСТ е дека треба да се воведат отворени листи, но без промени во бројот на изборни единици.  Иако е релативно краток периодот  до одржувањето на изборите,  директорот на  граѓанската асоцијација  не очекува нивно пролонгирање. „Доколку постои политичка волја и посветеност кон имплементирање на овој договор кај сите засегнати страни,  тогаш нема причина зошто до изборите во април 2016 не би се обезбедиле услови за фер и слободни избори. Крајно време е при дизајнирањето на решенијата во прв план да се стават интересите на граѓаните, а не на политичките партии“, порачува директорот на „МОСТ“ . Екс шефот на ДИК Александар Новакоски пак, посочи дека нема желба кај двете партии за менување на моделот. „Секогаш треба да ни е јасно дека големите политички партии, условно кај нас знаеме кои се, ќе се борат да остане истиот модел. Тие се преговарачи така да тие и ке одлучат. Но , со оглед да времето е кратко овој модел треба и да остане за овие избори. А потоа да се даде ингеренции на ДИК и експертската јавност да предлагаат низ една отворена дебата начини за измена на изборниот модел, пример со отворени листи,па да се размисли и за предизборните коалиции и за една изборна единица. Големите партии ја задушија конкурентноста и помегу партиите и независните кандидати но и внатре во самите партии. Но, и малите партии со своите предизборни пазарења, без некоја посебна идеологија сами се ставија на тацна на големите да бидат дел од овој лонец. Мора да се реши овој проблем, но ќе напоменам за наредните избори, со што би се размислило за забрана на предизборни коалиции и промена на моделот во пропорционален со една изборна единица и отворени листи, но да се стави и праг за влез во парламент. Сето ова се сериозни теми и бараат уклучување на експертската јавност која ќе даде професионални и издржани анализи, вели Новакоски.
Слично

Поврзани вести