Партии ќе останат без државни пари затоа што не пријавиле донации
Неколку партии ќе останат без државните пари што им следуваат затоа што не пријавиле донации. На списокот на казнети се и пет парламентарни партии - Либерално-демократската партија на Андреј Жерновски, Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи, Сојузот на Ромите од Македонија на Амди Бајрам, Демократската партија на Турците на Македонија на Ќенан Хасипи и Странка на демократска акција на Македонија на Авдија Пепиќ, објави Дневник.
Освен нив, казнети се и ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски, потоа Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Сојузот на Титовите сили на Слободан Угриновски, Српската напредна странка на Драгиша Милетиќ, Санџачка лига...
Тие се казнети од Министерството за правда поради тоа што не доставиле извештај за примените донации, годишна сметка и финансиски извештај во 2013 година.
Според законот за финансирање на политичките партии, секоја година 0,06 отсто од целиот државен буџет треба да оди за финансирање на партиите. Тоа се околу 1,6 милион евра секоја година кои се распоредуваат според одредена методологија меѓу партии кои освоиле најмалку еден отсто од гласовите на последните парламентарни или локални избори.
Kазнетите партии практично добивале пари по основа на резултатите од парламентарните избори во 2011 година и локалните избори 2013 година.
Слично
