ПАРНОТО ПОСКАПУВА: Еве колку ќе чини од 1 декември
Од 1 декември повеќе од 60.000 потрошувачи ќе плаќаат повисоки сметки за парно. Регулаторната комисија одобри зголемување на цената за 5,9 проценти, додека корисниците приклучени на системите во Железара ќе плаќаат за 7,6 проценти повеќе, а оние на Скопје Север за 7,7 проценти.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, појасни дека едно просечно семејство што плаќало 2.200 денари месечно, отсега ќе плаќа околу 130 денари повеќе. Поскапувањето, како што посочи тој, се должи на неопходните инвестиции за санација и подобрување на топловодната мрежа.
Слично
