Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парното ќе поевтини за 10% во август?

Парното ќе поевтини за 10% во август?
Цената за парно греење во август ќе се намали, пишува Дневник, додавајќи дека според проценките намалувањето ќе биде значително, односно нема да биде помало од 10%. Причина за намалените цени се пониските трошоци на компаниите минатата година, што е основа за пресметка на цената за годинава. Имено, компаниите кои снабдуваат со топлинска енергија, заради топлата зима лани потрошиле помалку гас и испорачале помалку топлинска енергија. Компаниите веќе ги доставиле своите пресметки до Регулаторната комисија за енергетика, која до крајот на месецов треба да донесе одлука колкава ќе биде цената на парното во претстојната грејна сезона. Корекцијата на цените ќе зависи и од трошоците за инвестиции што ги предвиделе компаниите.
Слично

Поврзани вести