Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парно греење по 21 часот? Само ако БЕГ сака да си чепне од профитот!

Парно греење по 21 часот? Само ако БЕГ сака да си чепне од профитот!
Граѓаните со различни реакции за одлуката според која парно греење може да има по 21 часот, ама само ако посака „Балкан енерџи Груп“. Според едни парно треба да има барем до 22 часот, некои велат дека нема потреба да се грее по 21 часот, а други дека треба до полноќ. Единствено се согласуваат да не поскапува. Скопјани ќе добиваат парно греење или само до 21 часот или до 23 часот ама на сметка на „Балкан енерџи груп“. Регулаторната комисија за енергетика го одби барањето на компанијата периодот за испорака на топлинска енергија да се продолжи за два часа. Од комисијата пресметале сметките на граѓаните во тој случај би се зголемиле за 9 отсто или за 4000 денари годишно за греење на стан од 60 квадрати. БЕГ ќе може да испорачува топлинска енергија и по 21 часот, но како и до сега, нема да смее да ја наплатува. Сега се е во рацете на енергетската компанија, ако сака ќе има парно, ако не ќе нема, но трошоците сама ќе си ги покрива доколку одлучи да грее и по 21 часот. Правилникот за снабдување со топлинска енергија предвидува дека БЕГ има обврска да испорачува греење од 6 до 21 часот. Според пресметките на регулаторната комисија,
Слично

Поврзани вести