Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парламентот во Грција ги изгласа реформите на пензискиот и даночниот систем

Парламентот во Грција ги изгласа реформите на пензискиот и даночниот систем

Парламентот во Грција  синоќа ги усвои спорните реформи на пензискиот и даночниот систем.

Пакетот кој е потребен за добивање на новата помош од меѓународните киредитори на Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, беше усвоен со 153 гласови „за“ и 143 „против’. Реформите значат намалување на највисоките пензии, спојување на повеќе осигурителни фондови и зголемување на осигурителните давачки, како и на даноците, најмногу на лицата со средни и високи приходи.

Законот насловен како „Единствен систем за социјално осигурување, реформа на пензискиот систем и резгулирање на данокот на приходите“, предвидува уште постепена ликвидација на професионалните осигурителни фондови и воведување акцизи на серија стоки.

Целта е Грција да заштеди 5,4 милијарди евра, услов поставен од ЕУ и ММФ за добивање на следната транша од помошта за земјата. На денешниот состанок на Еврогрупата во Брисел, ќе се разгледува помошта за Грција.

Слично

Поврзани вести