Парламентот на Хрватска се самораспушти
Хрватскиот парламент се самораспушти и се очекуваат предвремени избори.
Одлуката дојде откако минатиот четврток пратениците гласаа за недоверба на владата на Тихомир Орешкович.
Следеше и повик на претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ за предвремени избори.
Гласањето за недоверба беше предложено од најголемата партија во владата - ХДЗ, која го поддржуваше кабинетот на Орешкович, но по скандалот со вицепремиерот и лидер на партијата Томислав Карамарко за конфликт на интереси, влезе во судир со премиерот.
Распуштањето на парламентот ќе влезе во сила на 15 јули, изјави претседателот на државниот орган Жељко Реинер. Потоа во рок од 60 дена треба да бидат одржани избори.
Слично
