Парламентот на Бугарија даде „зелено светло“ за нуклеарката Белене
Бугарија би требало да ги обнови своите напори кои се однесуваат на изградбата на нуклеарна централна Белене, според новата одлука на бугарскиот парламент.
Со таа одлука исто така на министерката за енергетика и е наложено да започне преговори со потенцијални инвеститори.
Бугарските пратеници соопштиле дека министерката за енергетика Теменушка Петкова има рок до крајот на октомври да претстави предлог за изборот на стратешки инвеститор и за структурата и финансирање на тој проект, пишуваат бугарските медиуми.
„Имаме желба, намерата и политичката волја да побараме решение за тоа прашање кое се однесува на нуклеарната централа Белене“, изјавила Петкова во обраќањето на парламентот.
Кинеската државна нуклеарна компанија CNNC и руски Росатом веќе изразиле интерес за учество во проектот.
Бугарската влада минатиот месец побарала од парламентот да ја укине забраната на развој на тој 10 милијарди евра вреден проект, по шест години од неговото откажување.
Бугарија во 2012 година го откажа проектот на изградба на нуклеарната централа Белене по неуспешниот обид да пронајде инвеститори.
Официјална Софија, исто така се соочила со притисокот на Вашингтон и Брисел да ја намали енергетската зависност од Русија, со која тогаш бил склопен договор за изградба на oбјекти.
Поради откажување на проектот, Бугарија морала да плати повеќе од 620 милиони евра на руската нуклеарна компанија на Росатом, но добила делови за два реактори на сила од 1 000 мегавати.
