Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парламентарниот спикер на Грција: Документиран обид да се упадне во законодавниот дом

Парламентарниот спикер на Грција: Документиран обид да се упадне во законодавниот дом

Никос Вуцис, претседателот на грчкиот парламент, денеска соопшти дека на вчерашните масовни протести во Атина против Преспанскиот договор имало организиран план од екстремните групи од најмалку два часа за истовремена инвазија во законодавниот дом од пет различни точки. За тоа, како што вели парламентарниот спикер, постојат документирани докази.

- Она што се случи вчера беше систематски обид на екстремистичките групи да го нападнат Домот, овој напорим траеше два часа. Сите ние ќе бидеме изненадени кога ќе ги видиме материјалите собрани од нападите, наведе Вуцис.

Тој истакна дека "нападите биле направени координирано од пет места околу грчкиот парламент".

- Имаше јасни обиди да влезат во Домот преку насилство, кое беше спречено од страна на полицијата. Полицијата функционираше професионално, а зградата на парламентот остана заштитена " додаде тој.

Според Вуцис, кон полицијата биле фрлени стотици килограми парчиња мермер, железо и дрво, а билтенот покажува голем број на повредени службеници.

"Овие епизоди не се поврзани со главните организатори и со мнозинството што беа на митингот. Тоа беше без преседан обид да се изврши инвазија по цена да се загрози сигурноста на мнозинството демонстранти - смета Вуцис.

Според грчките медиуми, најекстремна група на протестите биле неонацистичките организации. Инаку за време на протестите во рамки на клучната недела за ратификација на Преспанскиот договор се очекува зенитот да биде 600.000 демонстранти на плоштадот Синтагма во Атина.


Слично

Поврзани вести