Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паркинзи во канџи на политиката – граѓаните не знаат кому да се обратат!

Паркинзи во канџи на политиката – граѓаните не знаат кому да се обратат!

Паркиралиштата во атрактивната скопска населба Дебар маало, повторно ги скара општинското претпријатие “Паркинзи Центар” и Јавното претпријатие “Градски паркинг”, ама овој пат и градоначалниците. Борбата за оваа локација трае повеќе од една година. Но претходно Градот Скопје немаше  превземено мерки за отсранување на вертикалната и хоризонталната сигнализација на паркиралиштата во оваа населба. Нерасчистените сметки меѓу претпријатијата траат цела година, а трпат граѓаните кои се паркираат на местата за кои и двете претпријатија тврдат дека се под нивна надлежност.

- Ова не е прв пат, колку пати ќе се паркирам, па ми доаѓаат вработени од двете претпријатија за да наплатат, хаос е . Стојат табли од двете претпријатија, не знаеш на кое да платиш. Тие се караат а ние двојно плаќаме, вели еден граѓанин кој работи во околината на оваа населба.

Директорот на ЈП Паркинзи Центар Саша Богдановиќ, за Фактор вели дека претпријатието има валидни документации проекти за стопанисување со паркиралиштата, и дека Градот неосновано ја превзема акцијата за отстранување на хоризонталната и вертикалната сигнализација на паркинзите во Дебар маало.

- Ние направивме обид за договор, но од ЈП Градски паркинг не сакаа да се договорат. Тие немаат право на паркиралиштата што ги бараат оти немаат дозвола за стопанисување. Ние нема да дозволиме Градот да ги земе паркиралиштата кои се наоѓаат на општински улици, и според тоа се под наша надлежност, вели Богдановиќ

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, изјави дека побарал целосна документација од Градот за спорните улици.

-Крајно време е Град Скопје да каже колкави се комуналните такси за 2012 и дел од 2013 кои градот Скопје не сака да ги уплати на сметка на Општина Центар. Се надевам дека ќе преовлада разумот, но нема да потклекнеме. Јас ја прашав пред малку овластената инспекторка од Град Скопје зошто не го организирале паркирањето во изминативе 4 години, но не добив одговор,изјави Жерновски.

Од Градот пак со спротивни тврдења- ЈП „Градски паркинг“ имаат валидна документација да стопанисуваат со сите паркиралишта што се во наша надлежност, што не е случај со претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“.

- Сакаме да појасниме дека уште на 15 јуни 2012 година до Градот Скопје пристигна барање од Министерството за внатрешни работи, инспекторите на Град Скопје да преземат мерки за надминување на констатираната неповолна состојба со хоризонталната и вертикална сигнализација за обележување на паркинзите на ПОЦ, која што е поставена без дозвола. Од МВР побараа да му се наложи на ПОЦ да ги врати јавните површини во првобитната состојба, објаснуваат од Градот Скопје.

Битка за Дебар маало

Битката за Дебар маало не е од сега. Конфликтот траеше и во времето на поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ и тогашната директорка на ЈП Паркинзи Центар Маргарита Бакев. Но тогаш  иако недоразбирањата се одвиваа пред очите на градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ и пред градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, ниту еден од нив не ги пресече караниците. Но препукувањата меѓу двајцата директори не престануваа. И тогаш од “Паркинзи Центар” излегоа со став дека тие ќе стопанисуваат со паркиралиштата на  сервисните и станбените улици на територија на Центар, а во Дебар маало системот на организирана наплата е само на местата со кои никој не стопанисува. ЈП „Градски паркинг“ уште кога општинското најави дека ќе воведе зонско паркирање на дел од паркиралиштата во оваа наслеба, излезе со став дека нема да ги даде паркинг местата со кои сега стопанисува во Дебар маало, на ЈП „Паркинзи Центар“. Од Градски паркинг тогаш изјавија дека сите паркиралишта во Дебар маало, освен улицата Ленинова биле под нивна надлежност. Лани дури се отвори и можност за припојување на двете претпријатија во едно, но преговорите завршија неуспешно.

Ј.С

Слично

Поврзани вести