ПАРИЗ ВО ШОК: Полицијата уапси уште една жена поврзана со нападите
Во париското предградие е уапсена една жена поради соменние дека е поврзана со помагачот на еден обвинет за нападите во Париз, наведуваат извори блиски до истрагата.
Изворите, кои сакаа да останат неименувани поради истрагата која е во тек, наведуваат дека жената, чие име не е објавено, е партнерка на 25-годишен маж кој е уапсен во вторникот во предградието Малакоф, пренесе АП.
Неколку часа подоцна, полицијата во Сен Дени уапсила и жена.
Уапсениот маж на полицијата досега и бил познат само како дилер на дрога. Се верува дека соработувал со Џав Бендауд кој е единствениот првично обвинет за нападите во Париз.
Бендауд пред апсењето признал дека обезбедил сместување за Абауд, но негирал дека знал дека тоа е поврзано со нападите од 13 ноември. Тој навел дека за Абауд тоа го направил како „услуга“.
