Економија, финансии, бизнис

Контакт

Париз, Берлин и Рим се приклучуваат кон кинеската „Светска банка“?

Париз, Берлин и Рим се приклучуваат кон кинеската „Светска банка“?

Франција, Германија и Италија ќе го следат примерот на Велика Британија да се приклучат на новата банка „Asian Infrastructure Investment Bank“ (АIIB), пишуваат „The Financial Times“, повикувајќи се на европски извори.

Меѓународната финансиска институција е по предлог на Кина.

Пекинг сака да создаде глобална финансиска институција која може да се натпреварува со Светската банка и Азиската банка за развој, бидејќи смета дека овие организации имаат силно влијание на САД и нивните сојузници.

Вашингтон веќе ја критикуваше одлуката на Велика Британија да се приклучи кон „АIIB“.

Весникот забележува дека одлуката на Франција, Германија и Италија се јавува по ударот на американските обиди да се задржат западните земји да не учествуваат во новата банка. САД имаат сериозен притисок врз Австралија, која се појавува како клучен сојузник во Азиско-пацифичкиот регион.

Канбера од своја страна најави дека ќе ја преиспита својата позиција за ова прашање.

Претставник на САД изјавил дека одделни земји сами си одлучуваат дали да се приклучат на новата банка, информира „Гардијан“.

Кинеските медиуми „Ксинхуа“ нагласува дека Јужна Кореја, Швајцарија и Луксембург исто размислуваат дали да се приклучат.

Вашингтон го поставува прашањето дали новата институција ќе има високи стандарди на управување и заштити.

Иницијативата на Кина се гледа како на „мека сила“ за проширување на влијанието на азиската држава во регионот на сметка на САД.

Банката беше лансирана од Пекинг во 2014 година со цел стимулирање на инвестициите во транспортот, енергетиката, телекомуникациите и други области во Азија.

Во почетокот на 2015 година 26 земји се вклучени како државни основачи, главно од Азија и Блискиот Исток. До крајот на годината се очекува да се финализираат сите членови од договорот.

Кина прецизира дека земјите можат да се приклучат како основачи на банката до 31 март. Јапонија исто така е поканета.

Слично

Поврзани вести