Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парите кои ќе се потрошат од референдумот нема да предизвикаат ребаланс на буџетот

Парите кои ќе се потрошат од референдумот нема да предизвикаат ребаланс на буџетот

Сумата која Владата ќе ја троши за референдумот нема да предизвика ребаланс на Буџетот, тврди првиот финансиер во државата.

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека тие пари се од резервни функции на државата.

„Ќе бидат обезбедени 80 милиони денари, а апсолутно нивната големина не би предизвикала ребаланс на Буџетот.   Тоа е доделено како план за трошење од резервните функции на државата“, кажа министерот.

Тевдовски посочи дека Собранието е овластен предлагач и според законот тоа има право да ги користи овие средства.

„Сега е работа на Собранието и според законот тоа има право да ги користи овие средства. Мислам дека има повик до сите пратенички групи да искажат потреба и  дали ќе бидат вклучени во кампањата, но  тоа е работа пред се на Собранието. Ние обезбедивме средства од овластениот предлагач од Буџетот на Р. Македонија“, кажа Тевдовски.

Слично

Поврзани вести