Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парични казни за семејно насилство

Парични казни за семејно насилство
Со парични казни од 2.500 до 5.000 евра ќе се казнува семејното насилство, предвидува новиот предлог-закон кој ќе биде ставен на јавна расправа. Судските забрани за приближување на насилникот до жртвата ќе се издаваат во рок од 24 часа. Во Предлог-законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство се планира формирање и на Национално координативно тело со мандат од пет години во кое ќе бидат опфатени претставници од сите надлежни институции и претставници од здруженијата кои се регистрирани за работа со семејно насилство. Со ова тело ќе раководи министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Се предвидуваат и кампањи за подигање на свеста, разбирањето, препознавањето и последиците од семејното насилство. Надлежните сметаат дека на овој начин поефикасно ќе се делува врз спречување на оваа појава. Од 2011 година до април годинава во Македонија биле сторени 2 073 кривични дела со елементи на семејно насилство, од кои во најголем дел од случаите жртви се жени.
Слично

Поврзани вести