Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парична казна за Македонец кој возел како „луд“ на автопат во Хрватска

Парична казна за Македонец кој возел како „луд“ на автопат во Хрватска
Парична казна од 3.000 куни (околу 400 евра) морал да плати на лице место македонски државјанин кој бил запрен  од хрватската полиција додека со својот автомобил „летал“ со 246 километри на час на автопат во Хрватска. Неодговорниот возач викендов се движел во правец кон Загреб со автомобил BMW, објавија хрватските медиуми. Освен паричната казна, на Македонецот му е изречена и забрана за користење на меѓународната возачка дозвола на територијата на Хрватска во траење од 12 месеци. Покрај македонскиот државјанин, бил сопрен и возач на мотор од Србија, кој со својот Сузуки мотор развил брзина од 233 километри на час во правец кон Славонски Брод.
Слично

Поврзани вести