Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИЧНА КАЗНА, РАСПОРЕДУВАЊЕ, ОТКАЗ: МВР казни 59 вработени!

ПАРИЧНА КАЗНА, РАСПОРЕДУВАЊЕ, ОТКАЗ: МВР казни 59 вработени!

Дисциплински мерки во декември лишија од работа еден полицаец од Крива Паланка и виш инспектор од Битола, додека 57 други вработени во Министерството за внатрешни работи добија други казни поради сторени повреди во работењето.

Од министерството денеска соопштија дека едениот од двајцата со откази, полицаец од Крива Паланка прибавил против правна имотна корист за себе, додека Вишиот инспектор од Битола неоправдано изостанал од работа три последователни дена.

46 други вработени добија парична казна, петорица се соочија со писмено предупредување, на четворица им е запрена постапката, а двајца добија распоредување.

Во соопштението кое министерството го достави до медиумите стои дека казнетите не си ја вршеле работата а тројца од казнетите со парична казна ќе се соочат со намалување од 15 одсто од месечната плата во еден месец поради тоа што кај нив се пронајдени предмети кои потекнуваат од Прифатниот центар за странци.

Едно ниво пониско ќе биде рспореден полицаец од Берово бидејќи влегол во униформа во угостителски објект додека бил на должност, а полицаец од СВР Скопје доби 15 проценти скратена плата за шест месеци поради тоа во полициска униформа влегол во казино а не бил на должност

Слично

Поврзани вести