Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИ ВО МАГЛА: Дали ЕЛЕМ треба да гради рајски градини или термо и хидро централи?

ПАРИ ВО МАГЛА: Дали ЕЛЕМ треба да гради рајски градини или термо и хидро централи?
Изградбата на рајскиот парк во Аеродром, од страна на ЕЛЕМ уште еднаш ја крена на нозе јавноста. Дали треба толку пари да се фрлаат во вакви проекти, а Македонија и натаму останува увозно зависна од струја. 14 милиони евра ќе чини паркот со мајмуни, птици, водопади и слично, а изминативе години куп проекти во енергетиката останаа нереализирани. Јавноста бара да сопре проектот. Околу една милијарда евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година. Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека од изминатите 7 години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. faktor struja Ако се земе предвид вредноста на некои од досега изградените енергетски објекти или пак, на оние во најава, произлегува дека наместо Македонија да изгради сопствени капацитети за производство на струја – девизите се “фрлале во магла”, или во рајски градини. Постои цела низа на планирани а неизградени објекти, од различни причини. Не се изградија централите Чебрен и Галиште, Бошков мост, не се модернизираше ТЕЦ Неготино, Луково поле, Вардарска Долина, бавно одеа најавите за отворање на рудници за јаглен, а за гасификација се одвојуваа едвај по неколку милиони евра годишно. Исто така, за споредба што се може да се изгради со парите фрлени на увоз на струја е деценискиот проект ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, за кој со години Владата никако да најде инвеститор. Овие најголеми хидроцентрали на Црна река се проценуваат на половина милијарда евра. Пресметките покажуваат дека и еден капацитет како РЕК Битола на пример кој снабдува речиси две третини од Македонија не чини повеќе од 700 – 800 милиони евра. Низа енергетски инвестиции кои со децении се ставаат во листата на приоритети на Владата, никако да дочекаат реализација. Напротив, парите потребни за нивна изградба (и некој заем од Меѓународна финансиска институција) се заменуваа со скап увоз на струја од кој Македонија само краткорочно ги задоволува потребите, а Македонија се уште останува зависен нето-увозник на струја. Во такви услови се чинат оправдани реакциите на граѓаните и здруженијата кои бараат да се преиспита изградбата на рајската градина.
Слично

Поврзани вести