Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пари – причина за двојно убиство во Вевчани?

Пари – причина за двојно убиство во Вевчани?
Наводен коцкарски долг бил причина за двојното убиство кое синоќа го потресе Вевчани. Во вооружена престрелка, поранешниот поштар Здравко Србакоски ги уби Владо Попески, сопственик на угостителскиот објект „Пјаца“ каде се случи престрелката и Матеј Ѓурчески. Уште две лица кои седеле на истата маса се потешко повредени. Официјалниот мотив за убиството се уште се утврдува, но неофицијално, станува збор за нерасчистени долгови, заради кои Србакоски неколкупати најавувал дека ќе го убие Попески, но никој не го сфатил сериозно. Осомничениот за убиството тврдел дека сопственикот на „Пјаца“ му должел пари, но Попески не го признавал долгот заради што секоја нивна средба завршувала со жестока расправија. И самиот Србакоски повеќе години бил во бегство заради долгови. По долго време, тој деновиве се вратил во Вевчани, а синоќа влегол во кафаната и отворил оган кон четворицата кои седеле заедно во кафаната. По инцидентот, тој побегнал, но полицијата го пронашла и го уапсила.  
Слично

Поврзани вести