Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИ-ЉУБОВ-УСПЕХ: Поволна недела ќе имаат овие хороскопски знаци

ПАРИ-ЉУБОВ-УСПЕХ: Поволна недела ќе имаат овие хороскопски знаци

Ѕвездите ветуваат поволна и успешна седмица за повеќето знаци. Искористете го тоа најдобро што можете, но не заборавајте дека, речиси, сè е во ваши раце! Ѕвездите ветуваат поволна и успешна седмица за повеќето знаци. Искористете го тоа најдобро што можете, но не заборавајте дека, речиси, сè е во ваши раце!

ОВЕН

Погодна недела за решавање на прашања кои ви создаваат загриженост (вклучувајќи го и вашето здравје). Ќе имате причина и повод да се радувате за успех којшто во голема мера ќе утврди некои ваши планови за следните месеци. Жените-Овенки ќе донесат значајни одлуки во однос на партнерите кои се далеку. Одлуките ќе бидат различни и ќе се однесуваат и на блиската иднина и на прашања во подалечна перспектива. Бидете реални за она што го сакате и она што го ветувате.Изненадувањата оваа недела ќе го подигне степенот на вашето расположение.

БИК

Оваа недела ќе ве испополни со позитивни емоции, особено на лично ниво. Ќе имате интересни контакти со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Поволна недела да расчистите љубовни недоразбирања. Вести може да ве вознемират поврзани со ненадејна промена во животот на роднина или познаник. Можно е овие вести да влијаат врз вашата иднина: професионална, општествена или лични ситуација и тоа ќе создаде немир за извесно време. Жените- Бик ќе поминуваат повеќе време надвор од дома поради различни професионални и општествени/социјални обврски.

БЛИЗНАЦИ

Многумина од вас ќе ги ценат парите од работа, бизнис, или од хонорарни извори. Можен банкарски трансфер или заем ќе ви овозможи да испратите и/или да примите пари од друго место. Неочекувани изненадувања ќе станат ваша среќа овој или следниот месец. Ќе се обидете со разумни шанси на лото, бинго, игри на среќа... Наскоро ќе добиете признание, пофалба за вашата работа или активности во последните месеци. Многумина од вас се подготвуваат за или ќе одат на добро организирано патување.

РАК

Во текот на оваа недела може да бидете ставени на тест во однос на љубовна или пријателска врска со пријател/ка. Ќе имате ситуација во која ќе кажете или споделите нешта за што не сте имале храброст претходно. Ќе ви биде драго поради успех на вашето работно место, предлог или признание за вашата работа. Може да добиете благодарница, награда, бонус или дополнителен надоместок. Поволна седмица за средување на разни документи и договори. Некои луѓе околу вас ќе се занимаваат со разни гласини и интриги. Делумно тие се заинтересирани и љубопитни за вас, но не потпаѓајте под манипулации и не правете ништо што може да ве посрамоти и да ве стави во непријатна ситуација.

ЛАВ

Оваа недела спор или конфликт со машко лице ќе ви покаже дека не сте непогрешливи - и во дејствувањето и во проценката на одредени луѓе. Интересни разговори и активности ќе се развијат со луѓе во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе ви искрснат трошоци за деца, исплата на сметки, даноци и слично. И вие ќе добиете пари од деца. Финансиските околности оваа недела ќе бидат поволни за вас. Искористете ги можностите. Успехот што сте го пропуштиле пред некое време сега ќе ве наград поради вашето трпение и упорност. Среќата ќе биде со вас во важен момент, контакти...

ДЕВИЦА

Во почетокот на ЈУНИ, ќе бидете бескомпромисни кон луѓето кои се обидуваат да ве спречат да спроведете планови или на било кој начин ја попречуваат вашата работа или создаваат други видови проблеми во вашиот личен живот. Сфаќате дека оваа недела е важна, дека ви се даваат шанси и можности, коишто не смеете да ги пропуштите поради нечие мешање, лицемерие, личен интерес или злоба. Ова ќе биде поволна недела за веридба, свадба, крштевки или годишнина. Еден од вашите главни проблеми сега ќе биде да најдете начини и ресурси да решите домашни и имотни проблеми, проблеми со апарати, автомобил и слично. Во текот на неделава ќе имате емоционално нестабилни, но важни односи со лица во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

ВАГА

Оваа недела може да очекувате добра вест, настан или посебен гест од страна на женско лице - роднина или пријателка. Ќе имате соништа поврзани со почината жена и тие ќе бидат корисни за вас поради некоја важна порака. Во сон ќе предвидите важен пријатен момент во вашиот живот. Наскоро, семејството ќе ви стане важно, без оглед на тоа кој каде е, кој е со вас, а кој е далеку... Оваа недела ќе ве израдува со подарок, пакет, налог за пари, или, пак, вие може да си купите нешто за себе. Очекувајте позитивни вести поврзани со имот или сопственост.

СКОРПИЈА

Ова ќе биде недела што ќе ја запомните поради пресвртен настан, вести, одлука или промени поврзани со машко лице - роднина, пријател или колега. Што и да е конкретниот настан, ќе биде за ваше добро. Мажите-Шкорпија ќе имаат конкретен план или цел оваа недела што успешно ќе го реализираат. Можете да добиете неочекуван подарок или добивка на некој вид. Постои можност за добивка од лотарија, томбола и слично. Ќе најдете заборавен или изгубен предмет. Очекувајте среќаод некоја зделка. Жените-Шкорпија ќе бидат ангажирани во важен или неочекуван настан во домот.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела женско присуство ќе се почувствува во вашиот живот, без оглед на вашиот пол. Можете да очекувате контакти, разговори, размена на писма, како и важни информации и подароци од девојка или жена која живее во друго место. Мажите- Стрелец ќе искусат задоцнување, потврда или предлог поврзано со важен документ. Ќе мора да донесете важна одлука и тоа ќе биде во ваша корист и ваш најдобар интерес. Ќе имате важен разговор со лице во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Жените- Стрелец се во романтична расположение и ќе имаат порив да создадат посебна атмосфера за својот сакан. Нова љубовна врска за Стрелците ќе се развие со лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

ЈАРЕЦ

Очекувајте некои изненадувања, главно, поврзани со пари, финансиски документи, кредити. Ќе имате способност да преговарате за подобра плата, подобар договор или за поголема продажба доколку се трговец. Љубовниот живот на жените- Јарец би можел да биде многу интересен неделава. Бидете активни во барање партнер, ако сте мома. Ќе имате интересни можности за формирање нова врска. Некои од вас ќе очекуваат развој на важна промена во животот на ќерка или внука. Ако сте вклучени во судски процес, очекувајте поволна интервенција или совети од женско лице.

ВОДИЛИЈА

Оваа недела мажите и жените Водолија може да доживеат радост или пријатно изненадување поврзано со машко лице. Ќе имате успех во плановите и иницијативите во кои ќе се вклучите. Дружењето со семејството или роднините ќе биде радосен настан, можеби поради роденден, именден, но и вердиба или свадба. Можно е да има почеток на ново пријателство, романса или авантура. Конфликт или тензија ќе се појават поради патување, но вие ќе најдете најдобро решение. Работите ќе се наредат на најдобриот начин за вас.

РИБИ

Може да очекувате интересна и позитивна седмица. Пред сè, ќе имате можност да запознаете нови луѓе, како и да создадете нови лични или бизнис контакти. Ви претстои важен состанок со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Дури и ако не е планиран, ако е навидум случаен, тоа воопшто не е случајност и ќе има влијание врз развојот на вашиот живот. Некое патување ќе биде поврзано со пријатни чувства, добивка, награда и друго. Ќе имате трошоци за дете. Може да добиете значителна сума пари поради или од дете/млад човек во семејството. Ќе прославите со пријателите поради нивен финансиски успех, добивка и слично.

Слично

Поврзани вести