Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парата која повеќето граѓани не ја видоа а камоли да ја имаат в џеб оди во историјата

Парата која повеќето граѓани не ја видоа а камоли да ја имаат в џеб оди во историјата

Парата која не виде џеб од 15 месецов оди во историјата како банкнота која ретко кои граѓани видоа како изгледа, никогаш не поминала низ нивни раце а камоли да заврши на нивни штедни сметки.

Народната банка соопшти дека петилјадарката ја повлекува од оптек, бидејќи таа не е прифатена од пошироката јавност поради високата номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена и нејзината примена во секојдневните трансакции е незначителна. 

Наместо 5 000-ката  НБРМ ќе ги пушти во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари.

НБРМ информира дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.

Слабиот интерес за парите во апоени од 5.000 денари е сигнал за нискиот животен стандард на македонските граѓани, кои знаејќи дека кога еднаш ќе раситнат илјадарка ја снемува додека трепнеш, воопшто не ни помислуваат на чување пари со висока номинална вредност како што е петилјадарката. 

Слично

Поврзани вести