Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парализиран железничкиот сообраќај-машинскиот персонал нема земено плата од половината на април

Парализиран железничкиот сообраќај-машинскиот персонал нема земено плата од половината на април

Од денес железничкиот сообраќај повторно е под блокада.

Вработените во машинскиот сектор, машинските работници си ја бараат платата, односно вториот дел од неа за април.

Денес ќе сообраќаат само меѓународните линии, а од главниот град кон другите градови нема да се врши сообраќај.

Вработените во железници кои протестираа и во февруари бараат слух и разбирање и решавање на нивниот проблем и доцнењето со платите.

Минатата недела имале средба и со новиот министер за транспорт и врски Горан Сугаревски кој што најави долгорочно решавање на овој проблем согласно законските регулативи.

Слично

Поврзани вести