Економија, финансии, бизнис

Контакт

Параглајдеристите реагираат на ценовникот за Галичица

Параглајдеристите реагираат на ценовникот за Галичица
Параглајдеристите бараат да бидат изземени од новиот ценовник за влез во Националниот парк „Галичица“, објави охридската ТВМ. „Со ставката во ценовникот на паркот се добива впечаток дека наплатуваат за воздух. Со овие цени ќе замре летањето и туризмот. Разбирливо би било да се наплаќа некоја симболична цена, но треба да се понудат и услови, пример да има автоматска метереолошка станица која ќе покажува какво ќе биде времето за летање за да не биде залудно доаѓањето“, вели македонскиот светски првак во араглајдинг Мендо Велјановски. Билетот за параглајдеристите ќе чини 300 денари за 30 минути лет, додека целодневен билет ќе ги чини 1.000 денари, стои во новиот ценовник на Националниот парк „Галичица“. Ова, според Велјановски, е невообичаено во европските земји, во кои условите за параглајдинг се дури и подобри отколку во Македонија. „Во Австрија, не се наплаќа летање како и никаде во Европа, а има и поволоности. Жичарата која чини 15 евра за едно одење, за параглајдеристите кошта 10 евра дневна карта, без ограничување за искачување и летање. Исто е и во Италија, Словенија, Швајцарија, Франција“, додава тој. Според ценовникот кој треба да стапи на сила од 1 јуни, влез во „Галичица“ ќе им се наплаќа и на обичните граѓани кои ќе сакаат да го посетат националниот парк, а парите треба да се користат за заштита на животната средина и подобрување на инфраструктурата.
Слично

Поврзани вести