Економија, финансии, бизнис

Контакт

Параглајдерист загина кај Љубаништа – Брза помош и Црвен крст со различни верзии

Параглајдерист загина кај Љубаништа – Брза помош и Црвен крст со различни верзии
Унгарски државјанин, параглајдерист, загина денеска спуштајќи се од планината Галичица на крајбрежјето во авто-кампот „Љубаништа“. Параглајдеристот паднал во водата на оддалеченост од околу 50-тина метри од брегот, а како најверојатна причина за несреќата се наведува оштетено платно на параглајдерот. „Спасувачките тимови од Црвениот крст во 12 часот и 19 минути ја пријавија несреќата во нашиот оперативен центар, по што веднаш повикавме Брза помош. Параглајдеристот, како што кажаа нашите спасувачи, паѓал брзо од височина од околу 200 метри. Платното на неговото летало најверојатно било оштетено, а кога паднал во водата бил изврзан со конците од леталото. Веднаш интервенираа нашите спасувачки тимови и неколку луѓе на плажата кои имаа пловни објекти“, вели претседателот на Црвениот крст од Охрид Сашо Точко. Според него, параглајдеристот бил извлечен од водата, паѓал во бессознание и повторно се враќал назад, но имал слаб пулс и отежнато дишење. Екипите на Црвениот крст му дале прва помош до пристигнувањето на итната медицинска служба, која пристигнала по повеќе од половина час и констатирала смрт на параглајдеристот. Но, според директорот на Здравствен дом – Охрид, Митко Дабески ова не е точно. Тој тврди дека Брзата помош стигнала на местото за само 20-тина минути. „Повикот е регистриран во 12:25 часот, а екипата која претходно имаше повик за интервенција за друг случај и се наоѓаше кај хотелот Славија е пренасочена и веднаш е тргната кон местото каде починал параглајдеристот. За нецели 20 минути пристигнала во кампот кај Љубаништа каде била упатена покрај езерото каде што бил паднатиот параглајдерист. Тој паднал во вода, на околу 40 метри од брегот каде го извадиле спасувачите на плажата во нивно кајче. Кога пристигнала екипа за брзата помошконстатирала дека пациентот е мртов и не давал знаци на живот, но е интервенирано со реанимација по што параглајдеристот не давал знаци на живот. На крај во 12:57 констатирана е смрт. Констатацијата е по обидот за реанимација“, изјавил Дабески за А1он. Неприсутноста на мобилни медицински екипи по целото охридско крајбрежје ја отежнува интервенцијата особено во летните месеци, во екот на туристичката сезона, кога и сообраќајот на потегот од Охрид до Св. Наум е отежнат.
Слично

Поврзани вести