Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРАДОКС ВО ЦРНА ГОРА: Илјадници невработени-работодавците увезуваат сезонци од регионот

ПАРАДОКС ВО ЦРНА ГОРА: Илјадници невработени-работодавците увезуваат сезонци од регионот

Годишната дозволена квота во Црна Гора за вработување странци изнесува 18 000. Директорот на заводот за вработување на Црна Гора Сулјо Мустафиќ вели дека веќе е „потрошена“ половина од дозволената квота на вработување странци -повеќе од 9 170 лица. 

Во најголем број, посебно во туристичката сезона, се застапени работници од Србија, Бих, Македонија ...пред се во угостителството и туризмот, пишуваат Новости.

Праксата покажува дека на пазарот на труд работодавците не можат да најдат соодветна работна сила па се принудени да вработуваат граѓани од регионот кои ги „чинат“ дупло поскапо од домашните.

На пазарот на труд на Црна Гора имаме парадоксална ситуација. Повеќе од 40 000 невработени, а од друга страна работодавците имаат проблем да дојдат до соодветен работник и да го вработат.

Слично

Поврзани вести