Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парадигма или парадокс

Парадигма или парадокс

И повторно стручното образование. Образование кое нуди стручни вештини и компетенции, сигурен приход и сигурност на работното место за учениците, оспособени и стручни кадри, зголемен профит, конкурентност на индустријата, повратна инвестиција, развој на економијата, зголемен домашен бруто производ на државата. Реалноста би покажала: за да имаме стручни кадри потребни на индустријата, разбирливо е да имаме вистински избор на релевантни квалификации и соодветен избор од страна на учениците. 
Во таков случај сите се сме задоволни. Компаниите ќе имаат ресурси за вработување во секое време, а учениците сигурна иднина. Но праксата покажува нешто друго. Според податоците од Државниот завод за статистика најголем интерес за упис во учебната 2017/2018 година, има за квалификациите во секторот здравство, 9081 ученик или 24 % од вкупно 41.474 запишани ученици во стручното образование, а веднаш по него следи секторот економија, право и трговија со вкупно  9292 ученика или 22 %. Најмал интерес за упис има во секторот хемија и технологија за квалификацијата прехранбен техничар 0,10%.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ?

Иста е состојбата и во учебната 2016/2017 година каде во секторот здравство се запишале вкупно 10199 ученика или 23% од вкупно 44167 ученика, а најмал интерес, податоците покажуваат, имало за квалификацијата прехранбен техничар во секторот хемија и технологија само 0,14% . 

На што се должат ваквите разлики?Гледајќи ги статистиките прво на што помислуваме се месечните примања во дадените сектори и условите за работа.  Но дали е така? 
Според условите за работа и просечната нето плата, која  во секторот здравство изнесува 26.879 денари, и 41.470 денари, во секторот економија, би очекувале бројката на запишани ученици да биде поголема во секторот економија, во однос на секторот здравство. Сепак учениците, повеке се запишуваат, за стекнување квалификации во секторот здравство, без разлика што бројката на завршени, но невработени ученици е голема. За пофалба, во нагорна линија се движи бројката на запишани ученици, учебната 2017/2018 година, за квалификации во секторот електротехника, од 14 %,  и секторот машинство  со 10 % во, што се должи на новите квалификации изработени според барањата на компаниите и зголемениот број на часови по практична обука на реално работно место во компанијата.

ДИЛЕМА: ГИМНАЗИСКО ИЛИ СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ?

  Со порастот на бројот на туристи во нашата земја од 1.294.692 туристи во 2017 година на 1.491.535 туристи во 2018 година, што е раст од над 15 проценти, за очекување е да расте и бројот на запишани ученици во стручните угостителско туристички средни учулишта во земјата. Но во учебната 2017/2018 година бројот на запошани ученици во овие стручни училишта е пораснат за 4% и изнесува 1805 ученика, а во учебната 2016/2017 година, во стручпните угостителско туриостички училишта запишани се 1897 ученика или 5% повеќе од претходната година. Соглансо податоците растот на запишани ученици во секторт угостителство и туризам е помал од реалниот раст на секторот но истовремено е и ногу мал процент во однос на вкупниот број запишани ученици. 
  Паралено, ако се има во предвид дека нашата земја е претежно земјоделска земја, каде се произведуваат разни видови земјоделски производи за очекување е бројот на запишани ученици за квалификации од секторот земјоделие и ветеринарство да биде релативно поголем. Но, податоците покажуваат дека во учебната 2017/2018 година се запишани 1393 ученика, а во 2016/2017 се запишани 1509 ученика. И во двете учебни години процентот на запишани ученици изнесува 3% од вкупниот број запишани ученици во средните училишта, што не соодвествува на реалноста. Ист е случајот и со секторот хемија и технологија за квалификацијата прехранбен техничар каде интересот за упис е најмал. При тоа треба да се има во предвид дека оваа квалификација е целосно реформирана и просечната нето плата во прехрамбената индустрија изнесува 20.073 денари. 
  Тоа значи дека реалните потреби и уписите не се во рамнотежа. Гледано во целост се прашуваме дали станува збор за парадигма или парадокс. Но како и да е повторно се враќаме на почетокот: вистински избор на релевантни квалификации и соодветен избор од страна на учениците.

 Во тој контекст мора се да интервенира со соодветни четири решенија:

 Прво, мора да се направи рационализација на мрежата на стручните училишта според потребите на локалната самоуправа. Локалната самоуправа не смее да биде изолирана. Таа мора целосно да биде вклучена во поврзување на квалификациите со реалните потреби на компаниите кои се наоѓаат на нејзина територија и да ја поттикнува и олеснува практичната обука на учениците во компаниите. Само на таков начин компаниите ке ги подготвуваат идните кадри кои веднаш ќе бидат вработливи. Тоа ќе придонесе бројот на невработени на ниво на локалната самоуправа да се намали.
 Второ, министерството за образование и наука мора да се донесе повисоки критериуми за упис во медицинските и економските училишта, без можност за намалување на критериумите во вториот уписен рок. Тоа значи бројката на ученици во овие училишта ќе биде помала, но ќе се овозможи бројката во другите стручни училишта да се зголеми. Промоцијата на квалификациите во останатите сектори е следната работа на која треба да работи министерството. Во овој контекст мораме да го споменеме натпреварот за Лидер на струка, како добра практика, преку кој се прави промоција на квалификациите по секторите и избор за најдобриот ученик во секторот од страна на компаниите. 
 Трето, министерството за образование и наука и за локалната самоуправа, мора да ги зголемат инвестициите во стручните училишта во опремување лаборатории и набавка опрема и машини. Тоа е сигурна инвестиција во идните стручни кадри.
   Четврто, компаниите мора да ги зголемат платите доколку сакаат учениците да стекнуваат квалификации кои им се потребни за нивните работни процеси. Ако ученикот е мотивиран, тој ќе се труди да даде се од себе да ги стекне потребните квалификации, а компаниите ќе го добијат потребниот стручен кадар.

За да се постигне ова потребна е добра комуникација и соработка. За се друго има решение. Добрите решенија мора да станат парадигма.

Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

Слично

Поврзани вести