Пар предизвика хаос во Грција, хотел со Срби под карантин во Едипсос
Се огласи алармот во Грција откако двојка од Србија кои од сабота летуваат во Едипсос, им бил дијагностициран коронавирус и биле однесени во болницата во Ламија.
Според информациите, двајцата пациенти пристигнале во саботата во група од 80 туристи и синоќа мажот покажал симптоми на Ковид 19. Двојката била пренесена со такси до Ламија, додека другите членови на групата се ставени во карантин во нивниот хотел.
Мажот има симптоми на болеста, но е во стабилна состојба, додека неговата сопруга е асимптоматска. Се бара и таксистот, кој го возел парот во болницата во Ламија.
Според градоначалникот на Истилија - Едипсос, Јанаки Контсијас, три групи Срби, вкупно 80 лица, пристигнале со автобус во областа во саботата и престојуваат во три различни сместувачки места.
Членовите на трите групи беа лоцирани од трите туристички канцеларии и нивните соодветни претставници во Грција и веќе се следат.
Се потсетува дека од понеделник наутро, границите на Грција за Србите се затворени, додека вчера во Србија имаше најголем број смртни случаи од евидентирањето на пандемијата. Во последните 24 часа починаа 13 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 330, а потврдени се и 299 нови случаи.
Српските туристи кои престојуваат во Грција може да се вратат кога ќе им заврши одморот.
