Папата во Сараево, „пазете се од Исламската држава“
Во Сараево пред неколку дена престојуваше делегација од Ватикан задолжена за безбедноста на католичката црква во БиХ.
Тие одржале состанок со безбедносните агенции и представници од власта во БиХ по повод доаѓањето на папата во главниот град на БиХ.
Шефот на ватиканската безбедносна служба Доменико Џани изјавил дека не постои никаква опасност за папата Фрањо освен „одредени сознанија за закани од Исламската држава“, пренесуваат сараевските медиуми.
Џани не прецизирал за какви точно закани станува збор.
Четиричлената делегација на ватикан во Сараево допатувала во неделата, обиколувајки ја локацијата предложена за движењето на Папата Фрањо во Босна и Херцеговина.
Џани им се заблагодарил на преставниците од безбедносните служби на БиХ поради спремноста за размена на информации и отвореноста за доаѓањето на папата Фрањо, пишува хмс.ба
Соговорниците изјавиле дека треба максимално да се потикне доаѓањето на верниците кои сакаат да дојдат во Сараево на 6-ти јуни и се сретнат со папата.
