Папата Франциск: Ципрас ја заслужува Нобеловата награда за мир
Папата Франциск пред новинарите кои ги води на своите патувања изјавил дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја залужува Нобеловата награда за мир.
Поглаварот на Католичката црква и претседател на Ватикан ова го истакна во изјавата за Католичката новинска агенција дадено во службениот авион со кој се враќал вчера во Рим по посетата на Рабат, Мароко, а во контекст на емигрантите и бегалците од воените жаришта.
"Зборував еднаш со еден политичар, човек што го почитувам и го кажувам неговото име: Алексис Ципрас. Зборувајќи за договорите што го прават државите за емигрантите, тој ми ги објасни тешкотиите, но на крајот ми зборуваше од длабочината на срцето и ми ја рече оваа фраза: "Човековите права се пред договорите". Оваа фраза е вредна за Нобеловата награда ", рече Франциск.
Грчките медиуми оваа изјава ја протолкуваа како поддршка од Папата за Ципрас за добивање на Нобеловата награда за мир, во која веќе е номиниран заедно со македонскиот премиер Зоран Заев по постигнувањето на Преспанскиот договор..
