Папата Франциск се сретна со бегалците во Софија
Вториот ден од апостолската посета на папата Франциск во Бугарија започна со средба со деца од бегалскиот центар "Враждебна". За светиот отец била подготвена специјална програма, пренесуваат бугарските медиуми.
"Многу ви благодарам за гостопримството! Им благодарам на децата за нивните толку убави песни! Токму песните се оние кои носат радост во вашиот пат, кој е исполнет со болка, бидејќи требало да ја напуштите својата татковина и да барате друга. Но секогаш останува надежта. Денес светот е исполнет со емигранти. И нивниот пат е еден крст ... Ви посакувам се најдобро на вас и на вашите сонародници, кои сте ги оставиле во татковината! Господ да ве благослови! Молете се за мене ", рекол Светиот отец пред бегалците.
По посетата на бегалскиот центар, папата Франциск патува кон град Раковски, Бугарија