Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папата: Човечкото достоинство треба да е во основата на одлуката за грчката криза

Папата: Човечкото достоинство треба да е во основата на одлуката за грчката криза

Според папата европските лидери треба да го стават човековото достоинство во основата на одлуката на грчката должничка криза, пренесоа агенциите.

„Достоинството на човековата личност треба да е во центарот на секоја политичка и техничка дискусија, а исто така и во процесот на усвојување на одговорни решенија“, изјавил папата.

Поглаварот на Католичката црква е вознемирен од социјалните последици на кризата врз грчкото семејство.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека неговата земја ќе одржи референдум за условите за финансиската помош, и ги повика луѓето да гласаат со „Не“ со цел добивање на подобра понуда.

Во телевизиското обраќање до нацијата, тој изјавил дека Грција ќе продолжи да преговара со меѓународните кредитори и инсистираше на тоа дека Атина сака да остане во Европа.

Слично

Поврзани вести