Економија, финансии, бизнис

Контакт

Папандреу: Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник

Папандреу: Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник

Актуелната македонска Влада, сфатила дека иредентизмот води кон ќорсокак и  ако се тргне настрана името, тогаш Скопје е природен сојузник на Атина, вели поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу, во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“.

„Доколку сегашните околностите дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник. Решавањето на проблемот, ќе ни дозволи повторно да ја искористиме нашата стратешка позиција на Балканот“- Јоргос Папандреу во интервјуто за грчкиот весник „Етнос“, пренесува МИА.

Тој коментира дека во времето додека беше министер за надворешни работи, со неговиот македонски колега Георгиевски биле блиску до решение, а ги споменува и тактичките билатерални средби со Груевски, кога и двајцата беа премиери.

Слично

Поврзани вести